fbpx

Соопштенија

Заев прво кажа дека Бугарија го отфрли Португалскиот предлог, а сега дека истиот е на маса, нека не врти и нека каже што продава

 

Зоран Заев прво кажа дека Бугарија го отфрли Португалскиот предлог, а сега дека истиот е на маса, нека не врти и нека каже што продава овој пат.

Сите го гледавме и слушавме Заев како се колнеше во најмилото дека нема да го смени името на државата, за на крај да го смени.

Заев тврдеше дека идентитетот е бетон, а сега гледаме тој бетон насекаде распука, нема изјава во која не ги руши темелите на државата, нацијата и јазикот.

Заев за бугарски медиум даде аматерски изјави, во стилот на стенд ап комичар кои ниту најголемите бугарски националисти не ги помислили, како дека македонскиот и бугарскиот народ се исти, исто како и јазикот, и дека нашата историја е со Бугарија е иста.

Заев ги урна сите позиции на државата. Кога тој преговара со Бугарија, Македонија трга од минус, и знаеме дека Заев би потпишал се, само се плаши од народот, и затоа дава различни изјави во различни периоди.

Заев 4 години ги урнисува идентитетот, јазикот и историјата. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Последни новости