fbpx

Соопштенија

Пратениците на средба со граѓаните: Незадоволството е видливо, промените доаѓаат, а со тоа и создавање поквалитетен живот за сите граѓани

Соопштение до јавноста

Акцијата „Пратениците со народот“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денеска.

Пратеникот Иван Јорданов оствари средба со жителите на општина Штип, Бојан Стојаноски оствари средба со жителите на општина Ѓорче Петров, додека пак пратеникот Бране Петрушевски оствари средба со жителите на село Горно Коњаре, кумановско.

На средбата Јорданов  слушајќи ги проблемите на граѓаните со кои секојдневно се соочуваат а за кои власта за жал ги игнорира посочија дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во Собранието да предлага и гласа закони само во интерес на граѓаните, не во интерес на владејачкото мнозинство и гарнитура на СДСМ и Зоран Заев.

Од жителите на општина Штип, Јорданов доби низа укажување за лошото менаџирање  на локалната самоуправа од страна на актуелниот градоначалник, како и лошата реализација на ветените проекти, нагласувајќи дека на градот и на граѓаните им е потребна промена, како и нова сила и енергија која што ќе работи за подобрување на животот на штипјани.

Пратеникот Бојан Стојаноски од средбата со граѓаните слушна само разочарување и револт бидејќи како што му беше кажано од страна на граѓаните  властите не направиле ништо за општина Ѓорче Петров и не паметат кога последен пат ги посетил некој од власта. Исто така беше посочено од страна на граѓаните дека посебен акцент треба да се стави на економијата, инфраструктурата, здравството, невработеноста за да може да граѓаните живеат подобро.

Пратеникот Бране Петрушевски во село Горно Коњаре, кумановско, рече дека лажните ветувања на владата и градоначалникот  излегле на површина уште на самиот почеток од преземањето на работата на општината, додавајќи дека целокупната слика во државата е незадоволство од страна на неспособноста на локалните власти, но и централната власт.

Петрушевски ги слушна проблемите со кои се соочуваат жителите од овој регион поради недоволната реализација на проекти во оваа општина и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе ги предложи најдобрите кадри за градоначалници и советнички листи на кои единствена обврска ќе им биде да ја реализираат програмата со која ќе настапат се со цел создавање на поквалитетен живот.

Последни новости