fbpx

Соопштенија

Институциите под СДСМ не ги објавуваат цените по ставки и кријат што и колку плаќаат со парите на граѓаните

Соопштение до јавноста, реакција на соопштение на Министерство за транспорт и врски

СДСМ немаше да биде СДСМ, ако повторно не влезеше во кал до гуша. Договорите од завршените тендерски постапки кои ги објавуваат на БЈН институциите под нивно водство не се целосно, односно не содржат листа на единечни цени.

Власта крие од граѓаните што и колку плаќа со нивни пари и тоа е недозволиво.

Институциите по завршување на набавките имаат законска обврска да објават колку чини секоја ставка од набавката. 

Дали со необјавувањето на цените по ставки кријат преплаќани услуги и производи, како што Златко Марин плаќаше корпи за отпадоци по 300 евра?

Што се крие и зошто не се објавуваат цените, тоа е вистинското прашање на кое чекаме одговор! A тоа е и законското прекршување за кое ќе има одговорност.

Последни новости