fbpx

Соопштенија

Мицкоски: Заев да не влијае врз судството

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот Стево Пендаровски истакна дека ги одмрзнува односите со Стево Пендаровски и посочи дека би бил најсреќен кога Зоран Заев не би влијаел врз судството.

„Не напротив, јас би бил најсреќен Заев да не влијае врз судството. Тогаш би  бил најсреќен ако може да не влијае тогаш нема да имаме потреба од вакви прес конференции и вакви теми на дискусија и за малиот Алмир и за малиот Саздо и за 27 април и за сите останати. Ако не влијае Зоран Заев тогаш се ќе беше поинаку и немаше ние да бидеме 111 место на Транспарентност Интернационал ќе бевме можеби на некои десетици места погоре на скалата. Тоа е мојата молба .Инаку да ги одмрзнавме односите со Стево Пендаровски затоа што со секого ќе седнам и ќе разговарам ако можам да спасам еден човечки живот. Ако можам да спасам еден човечки живот и ако можам, да зборувам за правда онаму каде што е изгубена па макар и еден човек тоа ќе го направам без никаква дилема и затоа реков на крајот од моето воведно излагање дека се договоривме дека и во иднина за крупни теми државни теми кои што се од заеднички интерес без разлика дали си политички определен или неопределен да седнуваме и да разговараме. Инаку ќе имаме и понатаму ние и согласување и несогласување впрочем нормално  е тоа и во животот и во политиката во едно семејство па нема да се сложите секогаш да речеме а не пак во ваква комплицирана политичка сцена како што е нашата“ истакна Мицкоски.

 

Последни новости