fbpx

Соопштенија

25 илјади деца се во сиромаштија, а Царовска турка проект темелен на елитизам од 120 милиони евра за дигитални учебници

 Соопштение до јавноста

За жал и денеска мора да нагласиме дека министер за образование на сила ги укинува учебниците и им ги зема книгите од раце на децата.

За жал и денеска мора да нагласиме дека во услови на растечка сиромаштија над 25.000 деца не посетуваат настава, немаат ниту струја во домовите, а не пак компјутери, а Мила Царовска безгрижно најавува само дигитализација.

За жал и денеска мора да нагласиме дека наместо еднаквост, Мила Царовска како министер за образование турка проект за иднина темелена на елитизам- тој што нема, нема ни да учи, ниту да напредува. Никаде во светот нема укинато печатени учебници.

За жал и денеска мора да нагласиме дека Мила Царовска преку системот на Режимот на мафијата турка експеримент од 120 милиони евра, однапред договорен скап експеримент врз децата, а нема доблест да се сретне со родителите, со наставниците, со било кој што не верува во овој процес.

За жал и денеска мора да нагласиме дека со Македонија владее Режим на Мафија која што за провизии и лична корист газат вез човечки животи и ја одземаат иднината на децата.

  

Последни новости