fbpx

Соопштенија

Случајот за 27-ми април еден ден ќе стаса до Стразбург и од таму ќе дојде шлаканицата за македонското судство

Случајот за 27-ми април еден ден ќе стаса до Стразбург и од таму ќе дојде шлаканицата за македонската држава и судство, бидејќи нема никакви индиции дека ова можеше да претставува сериозно дело кое Обвинителството ќе го процесира, па ќе го доведе до суд и до судска разврска, истакна професорката Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, вечерва во Телма телевизија.

-Тука станува збор за различни групи на луѓе, а процесот беше целосно изманипулиран во тој еден час додека траеше протестот пред Собранието, а протести имаше и за време на шарената револуција, јас го разбирам револтот,актот на влегувањето во Собранието е нешто различно од организирана акција, но Русковска не го доведе во прашање членот 314 за уништување на објекти од поголемо значење за кој е предвидено казна затвор од четири години, вели Василевска.

Василевска вели дека треба да има повторено судење за овој случај.

Ако ова беше териристичко загрозување на уставен поредок тогаш што беше избор на претседател на Собранието со мобилни телефони за кое и до ден денеска немаме записник, дали тоа не е уставно загрозување-праша Василевска.

Последни новости