fbpx

Соопштенија

Вистинскиот раст на вредноста на извозот во првиот квартал од 2021 е 18%, а не 29% како што тврди Владата

 

Повторнo помпезен ПИАР на Владата. Дали е извозот годишно пораснат за 29% во првиот квартал на 2021 година!

Ако ја гледаме вредноста во долари да. Ако ја гледаме вредноста во денари и евра НЕ. Вредноста на извозот во денари (и евра) е порасната за 18% во првиот квартал на 2021 година во однос на истиот период лани. Растот од 29% е врз база на доларската вредност и во себе ја содржи депрецијацијата на американскиот долар од околу 8,5% за една година (или апрецијацијата на еврото и денарот во однос на доларот).

Плус, ова е номинален раст од 18%, тоа значи во себе содржи и количинска и ценовна промена. Вистинскиот раст на извозот (количински) кој е составен дел и од БДП, дава друга слика. Податоците за март за извезените количини сѐ уште не се објавени, но во периодот јануари-февруари 2021 година во однос на истиот период лани имаме количински пад на извозот од 4,9%, при номинален раст од 9,8%. Ова значи дека не произведуваме и извезуваме повеќе, туку дека растат цените на извезените производи.

И уште нешто, Заев и Владата се фалат за растот на извозот којшто во најголем дел е генериран од новите производствени капацитети во слободните индустриски зони. Оние кои ги донесе претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа жестоко критикувани од оваа Влада. Не знам на овие од власта како не им е срам! Или пак, па и нема со што да се пофалат самите, не направија ништо за 4 години владеење! Добро е што претходните политики уште не вадат како држава и во ваква криза!

 

https://www.facebook.com/110911703757588/posts/319548706227219/

Последни новости