fbpx

Соопштенија

Лефков: Како случајот „Мафија 1“ успеа да заврши во јавното обвинителство наместо во основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на одговор на новинарско прашање во однос на вчерашните пресови за случајот „Мафија 1“ истакна дека Оливер Спасовски создаде слика во кое што нешто што по дефиниција спаѓа во организиран криминал заврши со поединечни пресуди како и тоа дека  Оливер Спасовски успеа да го заобиколи правниот систем.

„Вистинското прашање кое се поставува сега и кое што треба да го одговори целата јавност дали Оливер Спасовски изврши невидено менаџирање невидена координација и невиден кризен менаџмент на случајот кој што се случи односно самата афера „Мафија 1“ и „Мафија 2“. Како успеа Оливер Спасовски да создаде слика во кое што нешто што по дефиниција спаѓа во организиран криминал да заврши со поединечни пресуди. Сега нека си одговори јавноста како може издавањето на најмалку 214 фалсификувани исправи на познати светски криминалци како што се Седат Пекер, Јован Вукотиќ и терористи кои што оделе на војните во блиску источните боишта како сето тоа успеа да заврши во јавното обвинителство наместо во основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кога се исполнети сите предуслови да се гони за организирана група. Имаме интернационализација имаме поделба на остварена добивка, имаме поделба на работни задачи во рамките на групата имаме долгогодишно траење и функционирање на групата односно се исполнети сите услови за гонење на организирана група. На кој начин Оливер Спасовски успеа да ја изменаџира оваа криза, на кој начин успеа да го заобиколи правниот систем па да се заврши само со десет кривични пријави и со една пријава за помагател е огромен скандал од кој што ќе има штета и правниот систем и правдата во државата меѓутоа и секој државјанин во Република Македонија. Кажете ми вие како Македонците можат да очекуваат одредени држави како што се САД или Канада како можеме да очекуваме да не ни ги укинат визите кога секој еден службеник во Македонија може да стапи во контакт со светски криминалци и притоа да издаде фалсификувани патни исправи. Ова е страшен преседан со кој што се крие неспособноста на работењето на министерот за внатрешни работи и уште еднаш ќе кажам наместо и тој да биде предмет на истрагата тој успеа да се постави како доминус над истрагата и за жал она што секаде низ светот се третира како највисок облик на организиран криминал кај нас еве да заврши со такви поединечни пресуди“, истакна Лефков.

Последни новости