fbpx

Соопштенија

Граѓаните добија потврда дека Филипче им спремал пљачка и тоа преку набавка на кинески вакцини со цена двојно повисока, затоа ќе одговара

Соопштение до јавноста 

Наместо да има вести за реална масовна вакцинација, јавноста сведочи за нова димензија од аферата за скандалозна набавка на вакцини од страна на власта за двојно повисока цена.

Или наместо граѓаните да слушаат за вакцинирање, тие добија само потврда дека Филипче и Заев им спремале пљачка.

Објавениот документ - трансакција е доказ дека кинеските вакцини ќе не чинеле двојно поскапо.

Ова е само потврда за целата афера околу обидот на македонската Влада да набави кинески вакцини преку фирмата посредник „Старби”.

На сите им е јасно дека во објавениот документ стои дека Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонгконг уплатила 7.8 милиони долари, со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинела 65 долари.

Филипче тогаш се правдаше, ама едно е јасно дека доказ за уплата има, ама нема за поврат на парите.

Филипче, а и неговиот шеф Заев треба да одговорат дали парите се вратени бидејќи  мултимилионската сума била исплатена.

Филипче и Заев не само што не треба да ги вршат функциите, туку тие и ќе одговараат за криминал!

Последни новости