fbpx

Соопштенија

Црвенковска е предлог на Заев и СДСМ, таа не е компетентна без ден судски стаж да именува,оценува и разрешува судии

Соопштение до јавноста

Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е предложена од страна на Собранието, таа е предлог и кадар на Зоран Заев и СДСМ.

Павлина Црвенковска како претседател на Судски совет ќе избира и разрешува судии, ќе ја оценува нивната работа, ќе одлучува за престанок на судска функција, а притоа таа нема ниту еден ден работен стаж како судија.

Павлина Црвенковска е некомпетентна да одлучува за судиите и судското работење, таа нема минат труд, а уште помалку е компетентна да оценува работа на Врховен суд, што исто така спаѓа во нејзин делокруг на работа како претседател на Судскиот совет.

Единствен критериум за Црвенковска да биде избрана за претседател на Судскиот совет е очигледно нејзината партиска активност. Таа била шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на СДСМ и очигледно човек од најголема доверба на Заев.

Заев и Црвенковска ги поврзува и пропаѓањето на Еуростандард банка, сопругот на Црвенковска исто како и Заеви земал кредит без покритие од Еуростандард банка, и со 400.000 евра покритие земал 1.6 милиони евра кои не ги вратил, објавија оштетените штедачи.

Како успеала Црвенковска исто како и Заев да стигне до милионски кредит без покритие? Која е шемата на кој е ограбувана банката и дали таква личност има кредибилитет да води и тело како Судскиот совет? Кредибилитет нема, а другите прашања очекуваме да ги одговори Црвенковска, но и ЈО.

Последни новости