fbpx

Соопштенија

Царовска вели дека во електронските учебници полесно се прават корекции, за какви корекции зборува, за географија, македонски и историја? Нема да може!

Став на проф.д-р. Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ

Мила Царовска вели дека дигиталните учебници, покрај другото се потребни за секоја година во нив да може евтино да се прават корекции? 

За какви корекции станува збор кога тие ќе ги поминат сите филтри за квалитетен учебник?
Ќе корегираат содржини, еднаш годишно, во математика, физика, хемија? Тешко. 
Во биологија, можно е со оглед на посветеноста на сексуалното воспитување, па веројатно во учебник ќе додадат: “Направена првата операција за промена на полот во нашата држава“, без да и го спомнат името на државата Македонија.

Значи останаа географија и историја, а веројатно и македонски јазик. Тука ли министерката планира да ги прави промените, во корист на туѓи интереси? Тешко. Нема да може!
 
Дајте им на децата печатени учебници, потребни им се!!!

https://www.facebook.com/102699661969465/posts/112135321025899/

Последни новости