fbpx

Соопштенија

Со Владата на Зоран Заев, Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Владата на Зоран Заев докажа изминатиов период дека не им се важни економските проблеми и маките на обичниот граѓанин.

Владата на Зоран Заев единствено се фокусира само на криминалите кои секојдневно се случуваат во државата.

Македонските граѓани со економските политики и мерки на Владата на Зоран Заев немаат никаква сигурност. Граѓаните не земаат редовно плата, не примаат никаква помош и се злоупотребени на секаков начин.

А, дека економските политики на власта се катастрофални говори и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65% од бруто домашниот производ.

Со Владата на Зоран Заев Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата.

Владата на Зоран Заев е најнеспособната економска влада во Република Македонија. 

Со Заев секојдневно се затвораат фирми, а стотици луѓе ги губат своите работни места, додека криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење.

 

Последни новости