fbpx

Соопштенија

Скандалот со Црвенковска само ја надополни сликата за состојбите во правосудниот систем во пупка на режимот на власта

Соопштение до јавност

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес конференција на прашање од новинар околу скандалот со новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска посочи дека тој случај само ја надополнил сликата за состојбите во правосудниот систем. Тој рече дека Судскиот совет мора да го преиспита својот едногласен избор, а Црвенковска да покаже доблест и да се повлече од функцијата.

-Овој скандал отвора и два многу сериозни аспекти, прво за вмешаноста на режимот во Еуростандард банка, но и како показател за какви судски реформи се залага режимот на мафијата при оние закани за смена на судии и ламентирањата за испитување на нивниот имот, истакна Стоилковски.

Според него, случајот со Павлина Црвенковска само ја надополнува сликата за состојбите во правосудниот систем во пупка на режимот. Изборот и однесувањето на Црвенковска само ќе ја зајакне недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, вели Стоилковски.

-По скандал во кој што сопругот- бизнисмен не враќал пари за кредитот, од банка во чијшто кредитен одбор работела ќерката, а банката пропаѓа со заштедите на граѓаните, Црвенковска застанува на чело на судскиот совет, откако скандалот одекна во јавноста?, изјави Стоилковски.

Црвенковска доколку сама не покаже трошка доблест и не се повлече од функцијата, рече тој судскиот совет мора да си го преиспита својот едногласен избор, затоа што се друго понатаму во себе ќе содржи политичка мотивирана пристрасност и од советот и од Црвенковска, дециден е Стоилковски.

Последни новости