fbpx

Соопштенија

Мицкоски за Пендаровски: Еве го бекна и потпиша се што стопанот му кажа, добро е што ги потпиша и законите за помош

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
 
Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша се што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен.

Претседателе Пендаровски погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење не бекање за националните теми меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовде Македонија во подредена положба заедно со стопанот.
 
Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен денес не партијата на власт туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија.
 
Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да..., одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!

ПС: добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!

#ИднинатаЕНаша
#МакедонскаПролет
 

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1845570098951774/

 

Последни новости