fbpx

Соопштенија

Пратениците болни од КОВИД 19 веднаш да се вратат во изолација, зошто ќе поднесеме кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, гласањето е нелегитимно

 Соопштение до јавноста

Пратениците болни од КОВИД 19 веднаш да се вратат во изолација, зошто ќе поднесеме кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, гласањето е нелегитимно.

Изолацијата од КОВИД 19 е задолжителна и истата не смее да се прекршува и прекинува, за ништо друго освен за посета на лекар. Правилата и прописите се јасни и децидни.

Пратениците болни од КОВИД 19 да се вратат во изолација веднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава. Гласањето е нелегитимно.

Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место.

Талат Џафери и СДСМ денеска покажаа дека законите за нив не значат ништо, и дека ги кршат на секој чекор, овие преседани не смеат да продолжат. Доколку ова помине, државата веднаш да им ги врати парите на сите казнети за неносење на заштитни маски, на сите кои го прекршиле полицискиот час и на сите кои потрошиле заштеди и подигале кредити за да се лекуваат низ КОВИД болниците. СДСМ е најголем ширач на зараза и канцерот на државата.

 

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости