fbpx

Соопштенија

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, новиот „Рашковски“, Аврамовска Мадиќ не е секретар на град Скопје, сега е и има судир на интереси со добивањето тендери на „Армор плус“

 Соопштение до јавноста, реакција на соопштението од Град Скопје

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Аврамовска Мадиќ не била секретар на град Скопје и не постоел судир на интереси за „Армор плус“, чиј сопственик е нејзиниот зет.
 
Дали и колку од овие пари завршиле кај новиот „Рашковски“ -  Аврамовска Мадиќ и „Тендер Шилегов“?

Учеството на тендери на град Скопје и нивно добивање од страна на „Армор плус“ во период додека Аврамовска Мадиќ е секретар на градот е класичен судир на интереси и фрла сомнеж за можна корупција.

Потребно е или Аврамовска Мадиќ да си поднесе оставка од позицијата или „Армор плус“ да не конкурира на тендери распишани од градот Скопје и неговите претпријатија, врз кои Аврамовска Мадиќ, како секретар на градот има влијание и моќ.

Ја повикуваме ДКСК да го испита случајот со добивањето тендери од страна на „Армор плус“ додека секретар на градот е Аврамовска Мадиќ. Одговорност мора да има. Никој не смее да е заштитен пред законите.
 
 
Со Почит, 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости