fbpx

Соопштенија

Како Филипче со чиновничка плата стигна до 15.580 м2 плац на Водно

Соопштение до јавноста – реакција на Фејсбук статусот на Венко Филипче

Почитувани,

Венко Филипче е фатен како ја лаже јавноста и во огромен скандал. Венко Филипче е должен да одговори како е возможно со чиновничка плата да стигне до 15.580 м2 имот на Водно.

Како е возможно да е во сосопствеништво со газдата на фирмата која е добитник на милионски тендери во министерството за здравство и со директор на клиника каде Филипче му е надреден?

Полека но сигурно Филипче е еден од примерите како се богатат членовите на мафијата на власт.

Што е ова друго освен огромен криминал?

Венко Филипче повторно се крие зад институциите на хибридниот режим поставени во одбрана на криминалот и корупцијата во кои што Македонија секојдневно тоне на сите мерења.

Соочен со фактите, Филипче со празни флоскули ниту ги демантираше наводите ниту одговори на поставените прашања.

По изборите ќе следува одговори и одговорност за секој еден криминал.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости