fbpx

Соопштенија

Костадинов да одговори зошто Рускоска молчи за криминалот на Зоран Заев?

 Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Кога веќе Костадинов отиде во обвинителство покрај целосните изнесени невистини за Панче Тошковски да одговори дали ја праша Рускоска:

Зошто обвинителство молчи за криминалот на Зоран Заев?

Зошто нема предмет за признанието на Заев дека нелегално ја финансирал 1ТВ и знаел за рекетот со старечки домови на Бојан Јовановски?

Зошто Рускоска ја сопре истрагата за поткуп на гласачи во Струмица со што на Заев му подари уште една амнестија?

Зошто Рускоска сеуште молчи и не покренува истрага за диктирањето на Заев на пресуди и одлуки на Врховниот суд?

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости