fbpx

Соопштенија

СДСМ ги изманипулира граѓаните, наместо четири, еден викенд без ДДВ, и тоа со низа недостатоци

Почитувани,

СДСМ ги манипулира граѓаните. Во предизбори ветија четири викенди без ДДВ во септември, а сега гласаат само еден викенд без ДДВ, и тоа со низа недостатоци, не за септември, туку за во октомври, и сето тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок.
СДСМ ветија, но не реализираа. СДСМ не се стави над ситуација и над секојдневната теза за добивање ситни политички поени и не го прифати предлог амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за четири викенди без ДДВ.
Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ реално ќе се помогнеше на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ беа искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатеа овој наш амандман. Така и ќе го реализираа она што го ветија.
Законот за викенд без ДДВ ваков како што го истурка СДСМ не носи придобивка за сите граѓани. Граѓаните кои немаат паметен телефон, немаат право на поврат на ДДВ! - привилегија имаат само оние граѓани кои ја инсталирале апликацијата МОЈ ДДВ. Тие што немаат пари за набавка на опрема за учениците и овој викенд ќе немаат да купат! А најважно од се‘ е што есенскиот бран на зараза зема замав, а граѓаните во брзање да го искористат единствениот викенд без ДДВ, ќе го ризикуваат своето здравје.
Доколку СДСМ излезеше од партиската политика и малку се ставеше во функција на народот, ќе се заштитеше здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, но СДСМ избра повторно да оди на штета на народот.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости