fbpx

Соопштенија

Најава за Протест против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици

Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт. Главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици.

Оваа ненародна власт зема од лебот на народот, за да стави во сопствениот џеб.
Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб.
Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место.
Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики.
За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев.
Заради целиот терор и реваншизам, за секој избркан од работа, за секое семејство оставено без леб. Утре на протест, со почеток од 18.30 часот пред министерството за правда, од каде ќе започне протестниот марш до министерството за информатичко општество и администрација. На протест против реваншижмот и теророт.
Изживувањето, отпуштањето и аздисаноста мора да запре.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости