fbpx

Соопштенија

Тајфунот на СДСМ ја покоси македонската економија

 

Владата на СДСМ се наоѓа во очајна состојба чим мора да лаже за инвестиции на прес конференција.

Во време кога БДП во Македонија е на најниско ниво во историјата на државата 12.7%, СДСМ вели дека економската ситуација е супер.

Во време кога над 40.000 граѓани останаа на улица без работа, СДСМ вели дека невработеноста е ниска.

Во време кога има над 500.000 граѓани кои живеат на прагот на егзистенција, и денот го поминуваат со едвај 50-тина денари, СДСМ вели дека се качуваат плати.

Во време кога владее криза, СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓани, односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

Ова не наликува на нормална економска состојба како што Заев и владата на СДСМ кажуваат. Ова сето наликува на економска катастрофа создадена од неспособноста на оваа крими влада. Оваа криминална влада мора час поскоро да си оди, Македонија заслужува подобро економска состојба.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости