fbpx

Соопштенија

Поради СДСМ корупција во Македонија цвета

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Миле Талески 

Второ име на СДСМ е корупција.

Залудни се прес конференциите на СДСМ за корупција. Корупција во Македонија цвета на секоја страна.
Во секоја криминална афера вмешани се функционерите на СДСМ. Оваа влада наместо да ги казни своите функционери вмешани во криминал и корупција, таа ги наградува. Нема правна разврска на ниту една криминална афера како што се „Рекет 2“, „Дака“, „Шпанско село“, „Леонардо“ и низа други.
Поради продолжените раце на СДСМ во правосудниот систем, аферите не се разрешуваат.
Додека функционерите на СДСМ ги полнат џебовите со народни пари, над 40.000 граѓани останаа невработени, поскапе сметката за струја на 7.4%. Граѓаните кои останаа со заробени депозити во пропаднатата банка во скандал од 200 милиони евра се уште се соочуваат со проблеми. Тетово ќе се претвори во урбана џунгла, за да контроверзниот бизнисмен Дака земе 200 милиони евра.
Со СДСМ на власт, граѓаните гледаат само криминал и корупција. Мерки што ветуваа останаа заборавени, граѓаните поради СДСМ стануваат само се посиромашни. За сето ова одговорност мора да има.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости