fbpx

Соопштенија

Со државата владее мафија, а на чело на мафијата е Зоран Заев

Соопштение до јавноста – реакција на интервјуто на Зоран Заев дадено за Локално.мк 

Со државата владее мафија а на чело на мафијата е Зоран Заев.

Мицкоски стана ноќна мора на Заев, па токму затоа се неговите инсталации и кампањи насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се со цел да се сокрие и одбегне катастрофата што се случува во реалниот живот.
Токму затоа најголем интерес на Заев е Мицкоски да си поднесе оставка за да не се разобличува мафијашкото владеење на Заев. Кога Заев говори за оставка тоа доаѓа од устата на политичарот кој ги има најголемите порази на СДСМ, во 2008-та година со разлика од 240 илјади гласови, на парламентарните избори во 2014-та година каде Заев и СДСМ изгубија 200 илјади гласови разлика по што Заев, иако вети дека ќе си замине, тоа прашање по поразот не го ни отвори. Загуби и на изборите во 2016-та година. Ниту Заев, ниту тогаш генералниот секретар Спасовски поднесоа оставки. Денес СДСМ е со помала пратеничка група од таа на ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ има сила за промени и катарза додека во СДСМ се истите криминалци како и во транзицијата.
Вистинските теми на кој треба да се осврне Заев е катастрофата во економијата. За два месеци нема ден без скандали на владата со стари и истрошени кадри. Во првите два месеци ја зголемија цената на струјата, криминално ја пропаднаа банката „Еуростандард“, измамија штедачи, македонски пошти се пред банкрот, короната секој ден одзема животи, нема ниту една од 5-те странски инвестиции кои ги најавија, Бугарија најави нова блокада, 40 илјади луѓе останаа без работа.
Заев не е решението туку изворот на проблемите.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости