fbpx

Соопштенија

Знае ли Царовска колку просечни или минимални плати и пензии имаше во Луј Витон торбата?

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Мила Царовска
Со СДСМ на власт граѓаните не видоа никаков ќар. Напротив ќар видоа Заеви и бизнис пајташите на СДСМ.
Тоа што го ветуваа во 2016-та не го исполнија. Ниту минималната плата ја направија 16 илјади денари, ниту просечната плата е 30 илјади денари, ниту здравствените работници земаат двојно повисока плата во споредба со 2016-та, ниту лекарите земаат 100 илјади денари, ниту изградија клинички центар, ниту изградија болници, градинки, училишта, старечки домови итн. Оттука народот не им верува ниту на новите лаги кои сега ги кажуваат во кампањата.
Ја прашуваме Мила Царовска дали може да пресмета колку просечни плати или минимални или пензии имаше во само една изрекетирана торба со 1,5 милион евра, за што постои сведоштво дека завршувале кај Зоран и Вице Заеви.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости