fbpx

Соопштенија

Љупчо Николовски и СДСМ пак трчаат и лажат како во 2016-та

Соопштение до јавноста – реакција на изнесените ставови на Љупчо Николовски
Љупчо Николовски е ликот кој 2016 година како носител во истата изборна единица ветуваше кули и градови. Сега пак трча и лаже.
Ништо од ветеното не реализираше, а сега веќе успеал да ги надгради своите лаги.
Нема ништо од ветените 600 километри автопат во Македонија, нема ништо од ветената просечна плата од 500 евра, нема ништо од ветената минимална плата од 16 илјади денари, нема ништо од гасификација на 32 општини, нема ништо од дуплата плата на вработените во здравството, нема ништо од 100 илјади денари плата на лекарите, нема ништо од бесплатното болничко лекување, нема ништо од новата клиничка болница во Штип исто како што нема ништо од ветениот клинички центар во Скопје, нема ништо од десетиците лажни ветувања кои тој ги даваше во кампањата во 2016 година.
Народот веќе не му верува. Народот виде дека СДСМ нема капацитет тоа што го вети да го реализира. Тие беа посветени на криминал , корупција и рекет. Со милиони евра кои биле изрекетирани во Македонија можела власта на СДСМ да исплати илјадници плати на граѓаните, да изгради училишта, градинки, да се догради болницата во Штип и уште многу други проекти во интерес на граѓаните.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости