fbpx

Соопштенија

Само лагите се нови, се друго е старо кај Заев

Соопштение до јавноста – реакција на ставовите на Зоран Заев

Само лагите се нови, се друго е старо кај Заев. Колнењето, лажењето и удирањето во гради завршува. Помина времето на Заев, доаѓа обнова. Доаѓа крајот на сите манипулации на СДСМ и Зоран Заев. Лагите кои три години ги ширеа помеѓу граѓаните го дочекаа својот крај. Ветувањата за 500 евра плата не се исполнија, а сега СДСМ повторно ветува баснословни цифри во кои самите не веруваат. Овој пат ветуваат 36.000 денари просечна плата во државата. Ова е лага поголема од онаа за 500 евра просечна плата во која никој не веруваше. Во безидејноста во која се наоѓа СДСМ се раѓаат секакви проекти кои немаат допир со реалноста, па така и сега никој не верува дека нешто ќе се промени. Проекти ќе има толку колку што се изградија 600 километри автопат.

СДСМ во кампањата пред парламентарните избори пред три и пол години пропагираше здрава и чиста животна средина, а изминатите три години сведочевме на фактот дека бевме најзагадената земја во светот. Приказни на СДСМ паднаа во вода. На лагите им доаѓа крајот и за сите манипулации казната ќе стигне на 15-ти јули кога народот ќе одбере Обнова на Македонија!

Обновата ќе стигне насекаде и тоа е неминовно!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости