fbpx

Соопштенија

Наместо живот, Заев си донесе 300 000 евра од сомнителни бизнисмени

Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Зоран Заев

Во ветувањата на Заев  за подобар живот на граѓаните веќе ни во СДСМ не веруваат.

Тој и СДСМ три години беа фрлени максимално на криминал, рекет и корупција. Зоран Заев е човекот кој е на чело на октоподот во Македонија. Случајот со контроверзниот бизнисмен Дака кој тврди дека дал 300 000 евра за да му се продаде ШИК Јелак е само последен од низата корупциски скандали. Тука се и снопчињата пари кои Ден Дончев ги реди во торбата, случајот со адвокатот Димишков кој правдата ја тргуваше со 4,6,8 милиони евра,  но и признанието на Јовановски дека рекетираните пари во Македонија на крајот завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

Хибридниот режим на Заев овие три години не сработи ништо за граѓаните. Нема ништо од ветувањата од минатите избори за 600 километри автопат, 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плата за лекарите, студентски градови во Скопје, Тетово, Штип и Битола, бесплатно здравство, па така нема да биде ништо и од овие кули и градови кои сега Заев ги ветува. Граѓаните тоа го знаат и затоа ќе изгуби катастрофално на изборите.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости