fbpx

Соопштенија

Заев, СДСМ и Спасовски единствено што можат е повеќе да лажат, да прават криминал, рекет и корупција

Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Оливер Спасовски 

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ ништо не сработија во овие три години. Наместо да спроведат тоа што го ветуваа во 2016 година, тие создадоа систем на криминал, корупција и рекет. Нивните ветувања од 2016 година не ги реализираа, а сега веќе смислија нови манипулации.
Видовме дека парите наместо кај граѓаните завршија кај Вице и Зоран Заеви во форма на изрекетирани торби полни со милиони евра. Бидејќи не ги бива за работа, веруваме дека можат повеќе само да изрекетираат и да ја осиромашат Македонија.
Ова нема да помине народот виде дека ветувањето на Заев, Спасовски и СДСМ е само лага запишана на хартија.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

 


Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости