fbpx

Соопштенија

Функционерите на СДСМ се класични неработници. Заради нив и граѓаните ќе останат без работа

 Соопштение до јавноста - реакција на ставовите на Љупчо Николовски

Љупчо Николовски ветува работи кои имаше три години да ги направи. Но, тој како и за многу други работи на граѓаните и нивните потреби се сеќава само пред избори и мисли дека со некое видео порака ќе ќари некој ситен политички поен. Тоа кај граѓаните не поминува, бидејќи граѓаните знаат дека тоа што Љупчо Николовски го ветува, големи се шансите никогаш да не се реализира.

Такви му се ветувањата од 2016-та година дека секое семејство ќе има најмалку 1000 евра плата, дека ќе има целосна гасификација, дека ќе изградат 600 километри нов автопат, дека ќе нема пазарење со правдата и слично.

Проблемот на Љупчо Николовски и на СДСМ е тоа што за нив неработен ден не е само недела, туку сите денови. Тие се класични неодговорни неработници и затоа ним не им менува дали недела ќе биде работен или неработен ден. Добро би било да ветат на граѓаните дека барем еден ден ќе биде работен за функционерите на СДСМ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости