fbpx

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми капиталните инвестиции и ќе ја унапреди фискалната децентрализација

Соопштение до јавноста 

Македонија мора да биде ставена на брза трака кон ЕУ, a економски раст да биде засилен.

ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, на кој се обврзуваме.
Предвидуваме зголемување на капиталните инвестиции на ниво од минимум 4% од БДП. Дополнително посветеност во нивната имплементација. Зголемувањет на капиталните инвестиции, ќе значи и забрзан раст на земјата. преку нова инфраструктура и други проекти, државата ќе генерира развој во многу пократок период.
Ветуваме и се обврзуваме на унапредување на фискалната децентрализација. ВМРО-ДПМНЕ во наредниот четиригодишен период се обврзува на градење на капацитетот на локалните власти за финансирање, јакнење на финансиското управување и подобрување на наплатата на сопствените приходи, со единствена цел да се обезбеди општините одржливо да ги сервисираат услугите кон граѓаните за кои се надлежни.
Граѓаните ќе имаат можност за бесплатно добивање на електронски податоци. Институциите и вертикално и хоризонтално ќе бидат поврзани во еден заеднички систем, кој воедно ќе биде и едношалтерски систем за граѓаните и бизнис-заедницата. Дигиталните податоци ќе бидат на почеток само една петтина од сумата платена за хартиени документи, додека до крајот на мандатот ќе бидат комплетно БЕСПЛАТНИ со што директно ќе се влијае на граѓаните, посебно на економијата, да креираат нови бизниси и нови работни места.
ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. План за враќање на надежта во државата.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

 


Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости