fbpx

Соопштенија

Магијата на Заев е како од едно просечно ситуирано семејство денес е најбогатиот криминалец и милјардер во земјава

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Зоран Заев

Магијата на Заев е како не одговара и постојано се провлекува од законот, е тоа по 15 јули ќе се смени.

Три години со Заев Македонија е држава на криминал, рекет и корупција. 15 јули е денот, кога граѓаните може да му стават крај на апашлукот на СДСМ.

Три години се врши невиден рекет, покриен од врвот на власта, а никој не смее да прозбори ниту збор за тоа. Институциите молчат, дури и кога ќе излезат видео и аудио докази, а кога некој ќе се осмели да го спомне Заев целиот систем се вклучува.

Три години фирмите на граѓаните не можат ни да помислат да добијат работа на некој јавен повик, зошто тоа е место резервирано за фирмите на братот и нему блиските луѓе. Три години се испумпуваат пари од РЕК Битола, три години лиценци за марихуана добиваат лица од струмичкиот регион, три години систематски се ограбува Македонија.

Со Заев на власт, вработувањето за некој кој не е СДСМ, стана мисловен поим. Епидемијата на непотизам која ја зафати државата, продре и во најситната клетка на општеството.

Македонија е заробена држава со чело на Заев, дури и угледниот магазин Економист ја рангираше Македонија како хибриден режим, во друштво со земји од Африка и Азија.

Македонија ги помина своите најтешки три години, токму со Зоран Заев.

Надежта за подобро утро ја уништија.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости