fbpx

Соопштенија

СДСМ и Заев ја искористија власта за лично богатење, криминал, корупција и рекет

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ и Заев имаа шанса да направат нешто за граѓаните, но шансата ја искористија за лично богатење, за криминал корупција и рекет.
Затоа денес имаме ситуација во Македонија да има 500 илјади граѓани кои живеат на прагот на сиромаштијата, а владата дава буџетска поддршка на фирмите на Заеви и Кочо Анѓушев. Имаме 30 илјади граѓани кои немаа земено уште априлска плата, а власта на Заев во сред епидемија со корона вирус дава грни милиони за набавка на бадеми, фстаци, октоподи, виски, шампањ и слично.
Ова само покажува колкава е негрижата на Заев и СДСМ за граѓаните.
Додека Македонија тоне во секое поле, здравство, економија, образование, земјоделство, на големо се правел рекет со торби полни милиони евра кои според сведоштва завршувале кај браќата Заеви.
Со хибридниот режим на Заев нема ниту иднина, ниту правда, ниту европски развој, ниту инфраструктурни проекти.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости