fbpx

Соопштенија

Политичарот кај кого завршиле парите од Рекет не може да биде реформатор

Соопштение до јавноста – реакција на говорот на Зоран Заев

Политичарот кај кого завршиле парите од Рекет не може да биде реформатор, таа шанса одамна ја пропуштил, веднаш откако ја измисли шемата „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

На народот му е преку глава од квазиреформатори, кои донесоа само криминал, корупција и рекет во милион, еднаш во ташна, друг пат во снопче на рака.

Заев не нуди ништо ново. Заев нуди несигурност, нестабилност и нарушена безбедност.

Не може да му се верува на човек кој вети и излажа:

1.       За 500 евра плата;

2.       За 100.000 денари плата за лекарите;

3.       За 600 километри автопат;

4.       За бесплатно здравство;

5.       За правда за сите;

6.       За борба против криминалот;

7.        За чист воздух;

8.       За сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи;

9.       За враќање на 600.000 млади;

10.   За 7% раст на БДП.

Заев се што вети излажа. Три години прави само криминал, корупција и рекет.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости