fbpx

Соопштенија

Покана за настани 26.06.2020

Почитувани, Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 26.06.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Демир Капија во 17:00 часот, Општина Неготино во 18:30 часот, Општина Кавадарци во 20:30 часот.

-Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:30 часот ќе оствари средба со млади во парк „Македонија“, Општина Кисела Вода.

Во 19:00 часот ќе одржи мини митинг во општина Кисела Вода, во паркот пред 11 Октомври бараките (последна 4-ка).

Во 20:00 часот ќе одржи мини митинг во општина Кисела Вода, Драчево паркот на Бранителите со озвучување.

-Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски во 12:00 часот ќе оствари средба со пензионерите од општина Бутел (кај Трговскиот центар во близина на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел) при што е предвидена изјава за медиуми.

Во 15:30 часот во општина Бутел (кај Трговскиот центар во близина на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел), Владо Мисајловски ќе одржи трибина на отворено со здравствените работници, каде што е предвидено изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе ја посети Општина Штип, предвидено е прошетка низ пазарот од 10:00 до 11:30 часот, и по прошетката ќе даде исто така изјава за медиуми.

Од 12:30 до 13:30 ќе присуствува на УМС промоција, проекти за млади, парк „Макпетрол“, по завршувањето на настанот предвидено е и изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 4, Александар Николоски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Демир Капија во 17:00 часот, Општина Неготино во 18:30 часот, Општина Кавадарци во 20:30 часот.

-Носител на ИЕ 5, Игор Дурловски, ќе даде изјава во 09:00 за проектот на заштита на фасади во центарот на Битола,

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:00 часот ќе го посети стопанскиот субјект во село Фалише општина Тетово, по завршување на настанот во 12:00 часот е предвидена изјава за медиуми.

Во 17:00 часот ќе се одржи средба со жителите на општина Брвеница с. Стенче, каде што е предвидено изјава за медиуми.

Гo покануваме вашиот медиум да ги проследи настаните почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19 носејќи лична заштитна опрема. 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости