fbpx

Соопштенија

Заев нека отвори страница 207 од програмата каде ветуваме европска Македонија, туку нека каже кој е датумот за ЕУ кој тој го обезбеди?

 СДСМ две години ветуваа датум, а датум нема. Еднаш во јуни, еднаш во септември па во декември.

 Нема ниту подобар стандард. Платите во април се пониски за 600 денари. Никаде ни трага ни глас од 500 евра плата. Само лаги, лаги и лаги.

Зоран Заев и СДСМ немаат што да понудат за Охрид и охриѓани. Тие го доведоа Охрид и Охридското езеро во опасност да биде избришан од листата на УНЕСКО на заштитени подрачја.

Македонскиот туристички и културен бисер е на раб на уништување.

Власта предводена од Заев и СДСМ ја толерира урбана мафија во Охрид само за лична корист и матни политички дилови. Охридската чаршија стана монета за поткусурување на политичките партнери и локалните бизнис моќници.

СДСМ не донесе ниту една поголема странска или домашна инвестиција во Охрид и охридско. Нема ниту еден познат бренд што отворил нов хотел во последниве години. Нема никаков поголем произвотствен капацитет за да може да ја ублажи лошата економска ситуација на охриѓани.

СДСМ ја прекина изградбата на автопатот од Кичево до Охрид кој требаше да придонесе за поголем развој на туризмот во Охрид.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

eu

Последни новости