fbpx

Соопштенија

Љупчо Николовски е лицемерен, само во една торба изрекетирани пари има 6.000 плати на работниците

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Љупчо Николовски

Љупчо Николовски пак ги кажува истите манипулации како и во 2016 година. Наместо подобар стандард на граѓаните власта на СДСМ беше сконцентрирана на максимална реализација на рекетот и криминалот.

Граѓаните гледаат дека само во една изрекетирана торба со 1.5 милиони евра има 6 илјади плати на текстилните работници. Според сведоштвата ваквите изрекетирани пари завршуваа на крајот завршувале во врвот на власта.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости