fbpx

Соопштенија

СДСМ само глуми грижа за граѓаните, криминалот е нивна карактеристика

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Љупчо Николовски

Власта предводена од Заев и СДСМ е способна и знае само за криминал. Тие не се грижат за ништо друго освен за личното богатење.

Криминалната власт предводена од СДСМ прави само неправди и тоа го чувствуваат сите граѓани без исклучок.

Заев знае само како да ги реализира своите интереси и интересите на неговите блиски. Тој не знае што е животен  стандард за граѓаните. Тој не знае како живеат граѓаните.

Заев и владата предводена од СДСМ само прават привид дека нешто работат, дека се грижат за плати, пензии и слично.

Не, Заев и СДСМ не знаат ништо од ова. ВМРО-ДПМНЕ знае и истото ќе го спроведува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има јасни политики и мерки за спроведување на истите, мерки за сите граѓани.

Македонија мора истовремено да се справува со два вируса, короната и вирусот наречен Заев. Овој вториот е уште поопасен за државата и мора да биде поразен на претстојните избори.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости