fbpx

Соопштенија

Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања, таа му доликува на нашиот противник

Соопштение до јавноста

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централните вести на телевизија Сител на кои се вклучи од Охрид каде денес е во посета, се осврна за тоа каква кампања ќе води ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови.

          „Традиционално од Охрид започнува овој неколку неделен караван кој очекуваме да заврши победнички за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да водиме ниту брутална, ниту валкана кампања. Очекуваме дека таква кампања ќе води политичкиот противник, кампања која ќе изобилува со измислици, напади.  Ние ќе се концентрираме на сето она што можеа, а за жал не го направија,  ние ќе ставиме акцент на сите неуспеси и неправди кои ги доживеаја граѓаните и Република Македонија“, рече Мицкоски.

          Тој посочи дека главно во капањата ќе биде презентирање на проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во програмата и додаде дека програма „Проект Обнова“ е подготвена од домашни и страснки експерти, партиски и непартиски личности, оние кои се или не се политики активни.

          „Ние имаме прецизна програма со проекти и таков тип на кампања ќе водиме, ќе претставуваме проекти. Тоа е допилнителен мотив да ги поттикнеме граѓаните да излезат на 15 јули“, рече Мицкоски.

          Мицкоски укажа дека очекува граѓаните да поддржат промени и гордо исправена Македонија.

Последни новости