fbpx

Соопштенија

Власта на Спасовски и Заев освен за криминал, корупција и рекет не е способна за ништо друго

 Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Оливер Спасовски
Заев и Спасовски се на добар пат да изгубат катастрофално на следните избори. Нив ќе ги казни народот затоа што наместо за интересите на граѓаните работеа на богатење на кланот Заеви и создадоа услови рекет, криминал и корупцијата да цветаа до Македонија.
Целата економија ја клекнаа на нозе. Во првите три месеци имаат убедливо најнизок раст на БДП во регионот од само 0,2%, што говори дека кварталите кои следат потоа ќе бидат катастрофални. Тоа е резултат на фактот што освен очајното менаџирање со здравствената криза, уште полошо се справуваа со економската криза која следи по епидемијата.
Граѓаните досега ги задолжија за неколку стотици милиони евра, а резултат од тоа нема никаков. Над 20 илјади работници немаа земено априлска плата, а во исто време неговата влада носеше уредби со законска сила за брусење на дијаманти, исплата на хонорарите за СЈО, доделија лиценца за одгледување на марихуана на Боро Марлборо, набавуваа бадеми, шампањи, октоподи и слични други хедонистички задоволства на нивните функционери.
Да умее нешто освен криминал, корупција, рекет и црни пари во функционерски торби, ќе направеа за Македонија
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости