fbpx

Соопштенија

Шахпаска и СДСМ наместо живот донесоа егоздус, наместо повисок стандард донесоа богатење на Заеви

 Соопштение до јавноста, реакција на изјава на Јагода Шахпаска
СДСМ и Шахпаска три години не направија ништо за источна Македонија. Тие сега се обидуваат одново со истите лаги и демагогии да ги манипулираат гласачите, но не им поминува. Прочитани се како стар буквар. Ветуваа 600 километри автопат, гасификација на општините, нови училишта, болници, детски градинки. Резултатот од нивната работа во изминатите 3 години мандат е голема нула.
Со кој образ СДСМ и Јагода Шахпаска бараат нов мандат, кога наместо живот за сите донесоа егоздус во Македонија. Наместо правда, донесоа неправда и торби со изрекетирани милиони кои ги штити Русковска обвинителството и Трас-Трас судството. Наместо поголем стандард, донесоа концесии за семејните фирми на Заеви и нивните блиски соработници. Наместо еднакви можности, спроведоа безмилосен непотизам со кој на роднините на партиските функционери им овозможија дебели хонорари и плати.
Ова време на СДСМ заврши. Имаа можност да направат нешто за граѓаните, но ја прокоцкаа. Го уништија достоинството на народот и на државата ги осиромашија луѓето и ги наполнија Луј Витон торбите. Сега ќе следи време кога за тоа треба да одговораат.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости