fbpx

Соопштенија

Младинските подмладоци на сестринските партии ширум Европа со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори на 15 јули

Соопштение до јавноста 

Сакам да се заблагодарам на European Democrat Students за дадената силна поддршка за претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули. Поддршката од ЕДС е јасна порака дека ВМРО - ДПМНЕ и Унијата на млади сили се европски ориентирани организации коишто активно се залагаат за евро-интеграциите на Република Македонија.
Поддршката е уште еден силен показател и на сите веќе им е јасно дека владеењето на Заеви и на СДСМ е најголемото зло што се има случено во нашата татковина.
Само на овој начин, кога ние младите од Македонија сме сплотени во борбата за подобра и попросперитетна држава и посветла иднина, можеме да го победиме ова зло што надвиснало над Македонија. Поддршката од нашите европски пријатели е голем ветер во грб и мотив да не престанеме со нашата битка, туку напротив, уште посилно да се бориме и да ја обновиме Македонија.
Посебно сакам да се заблагодарам на:
▪️Карло Ангрисано, претседател на European Democrat Students
▪️Андреј Петков, Здружение ,,Бугарија на граѓаните",
▪️Бепе Гелеа од Малта, генерален секретар на European Democrat Students,
▪️Франческо Сисмондини од Италија, Извршен офицер на European Democrat Students,
▪️Карло Колесар, заменик претседател на хрватската академска заедница,
▪️Иван Ботушаров, заменик претседател на EDS,
▪️Manny Janssens од Велика Британија,
▪️Тони Белиг, заменик претседател на EDS,
▪️Родијс Ронис од Латвија,
▪️Едвардс Лукошијус, меѓународен секретар на Young Conservatives League во Литванија,
▪️Стефани Чазими од Белгија
Да живее Македонија!

 

https://www.facebook.com/518601625304794/posts/871369853361301/

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости