fbpx

Соопштенија

Мисајловски: Ќе водам позитивна кампања, заедно ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на Заев

Соопштение до јавноста

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 2 рече дека ќе оди гордо кај граѓаните и ќе презентира проекти и она што им е потребно на граѓаните.
Мисајловски рече дека како на последните локални избори, така и сега непосредно пред кампањата за овие избори, нему и на семејството им се случија многу лоши работи, палење на имот, куќата, сега палење на дуќанот, но оти дека тој ќе продолжи со позитивна кампања.
„Сакаат да ме исплашат, сакаат да не одам на терен. Да им порачан јас сум Владо Мисајловски ме викаат Кендо. Им порачувам дека јас ќе водам позитивна кампања со гордо крената глава и исправена кичма. Ќе одам секаде со моите прекрасни луѓе, а тие со нивните багабонти криминалци“, реч Мисајловски.
Носителот на листата на пратеници во ИЕ 2 истакна дека акцент ќе се стави на борбата против корупцијата.
„Мора да се стави крај на корупцијата и криминалот на Заев, Спасовски, а овде во Ѓорче Петров на Наумовски. Ќе продолжам со позитивна кампања. Јас не можам да размислувам за црни работи. Јас ќе зборувам за колку ќе бидат повисоки платите, пензиите, ќе зборувам за инфраструктура“, рече Мисајловски.
Тој ги повика сите граѓани да се приклучат и „сите заедно да ја исправиме кичмата која, како што рече ни ја искривија.
Мисајловски посочи дека се наоѓаме во период на епидемија на корона и оти мора да се внимава.
„Мојот тим направи протокол и ќе бидеме многу внимателни. Апелирам до сите да ги почитуваат мерките. Не одиме од врата на врата но ќе бидеме во нивните дворови, пред зградите. Во овие 20 дена кампања ќе докажеме зошто ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија, како се сака Македонија и дека граѓаните заслужуваат многу проекти кои им ги нуди партијата“, рече Мисајловски.
Мисајловски заклучи „да се натпреваруваме со проекти, а не со подметнување на црни сценарија“.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости