fbpx

Соопштенија

Оливер Спасовски лаже како неговиот идол Зоран Заев

Соопштение до јавноста - реакција на прес конференција на Оливер Спасовски

Оливер Спасовски лаже како неговиот идол Зоран Заев. Веднаш ги погази флоскулите кои самиот ги кажуваше на прес конференцијата. Тој е носител на листа на СДСМ, а прес конференцијата во владата ја искористи за пласирање на празни партиски флоскули и манипулации.

Владата која тој ја води ја злоупотреби за да носи уредби со законска сила во време на епидемија со корона вирус со кои наместо да помага на граѓаните овозможуваше бизнис интереси на лица од неговата партија. Дополнително создаде нерамноправни услови во кампањата со што се фрла дамка на целиот изборен процес.

Оливер Спасовски и Зоран Заев покажаа дека не се грижат за здравјето на граѓаните и нивните животи со неодговорноста и неспособноста. Заштитата на криминалот им беше приоритет, наместо правдата. Организираност покажаа само во криминалот и корупцијата, а Македонија ја оставија да тоне во корупција, рекети и изнуди.

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости