fbpx

Соопштенија

Во изборната кампањата која следува нудам решение за проблемите на граѓаните

Соопштение до јавноста

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 денеска ја започна изборната кампања од Тетово каде посака фер, демократски и мирен изборен процес.

„Ние треба да бидеме примерот за сите други.
Затоа, јас во оваа кампања немам намера да навредувам, да омаловажувам, да понижувам, а на сите такви напади кон мене немам намера да одговарам.
Имам намера, како и целиот мој живот, да ја зборувам вистината, да трагам по неа и    да направам се таа да се слушне и да победи.
Имам намера, не само да го побарам вашиот глас, туку, за мене најважното, да го слушнам вашиот глас. Да ја споделам вашата мака и да го слушнам вашиот проблем. Да ви понудам решение за него и да се обврзам пред вас дека тоа решение ќе се исполни“, истакна Стојаноска.

Таа како носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ потенцираше дека се обврзува дека пред граѓаните  дека ќе биде пред се човек, човек кој држи до свој збор.

„Во следниве 19 дена ќе се среќаваме и ќе ви ја презентирам нашата идеја за обнова на Македонија и притоа ве уверувам дека ќе ги почитувам сите здравствени протоколи, за да не ги загрозам вашето и моето здравје“,посочи Стојаноска.

Стојаноска во своето обраќање им порача на граѓаните да држат дистанца, да носат маски и побара од граѓаните да и дозволат во следниве денови да им образложи зошто на 15-ти јули треба излезат масовно и да го заокружат бројот 14 за обновата на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости