fbpx

Соопштенија

Стојаноска: Нашата предност е што сме различни од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на работа за Македонија и македонските граѓани

Соопштение до јавноста

Дафина Стојаноска, носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6  во предвечерјето на почетокот на камппањата оствари повеќе работни состаноци со општинските и месните комитети во ИЕ6. Стојановска истакна дека заедно со неколку рабоотни групи од Регионалниот Изборен Штаб работно го одбележува стартот на кампањата и потенцираше дека тој тим се обврзува на посветена работа во корист на граѓаните и Македонија.

- На 15 јули токму од овој регионален изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе бидат соопштени идните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ од Гостивар, Тетово, Брвеница и Теарце. Токму тие пратеници се обврзуваат, на работа и посветеност исклучиво кон Македонија и македонските граѓани, истакна Стојаноска

Таа додаде дека ни претстојат изборна кампања и избори многу поразлични од сите претходни најмногу и пред се заради коронавирусот.

- Сепак подготвени сме почитувајќи ги сите протоколи, имајќи го како најголем императив здравјето на секој еден од нас да се избориме и да стигнеме до најголемата изборна победа до сега за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Различна е кампањата, различни се изборите, различни сме и ние. Нашата предност е што сме различни од СДСМ, заклучи Стојаноска

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости