fbpx

Соопштенија

Покана за настани на носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ

Известување до медиумите – Покана за настан

Почитувани, Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 24.06.2020 година, носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го посети Охрид, каде во 20:00 часот ќе има средба со граѓани.

Проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборна единица 1 ќе ја посети скопската општина Карпош, и ќе даде изјава пред платото на Драмски театар во 20:00 часот.

Владо Мисајловски, носител на Изборна единица 2  ќе го посети Ѓорче Петров, и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот пред црквата Св. Петар и Павле.

Александар Николоски, носител на Изборна единица 4 ќе ја посети Струмица, и ќе даде изјава за медиуми во 13:00 часот, на плоштадот пред споменикот на Гоце Делчев.

Игор Дурловски, носител на Изборна единица 5 ќе го посети с.Велгошти, каде во 17:00 часот ќе даде изјава за медиуми.

Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6  ќе го посети Тетово, каде ќе има изјава во 10:00 часот пред црквата Св. Кирил и Методиј.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19 носејќи лична заштитна опрема.

         

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости