fbpx

Соопштенија

Ќе испорачаме заздравување на економијата уште во првиот квартал наредната година, зголемување на плати за 25 проценти за 4 години

Соопштение до јавноста

Професорот Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на промоцијата на програмата на ВМРО-ДПМНЕ насловена како Проект Обнова - се обврзуваме, што се одржа на плоштадот „Магнолија“ во Битола рече дека Програмата за изборите на 15 јули е плод на тригодишна работа и додаде дека за истата придонес дадоа централните и локалните комисии, експерти, како и граѓаните.

„Тимот кој работеше на програмата работеше континуирано бидејќи и околностите се менуваа. Програмата е оригинална и почива на четири столба, првиот, ефикасна држава и силни институции, вториот, конкурентен приватен сектор, третиот, интегрирана стабилна и безбедна земја  и четвртиот столб, подобри услови за живот“, рече професорот Славески.

Славески се осврна и на сите столбови и појасни дека ефикасна држава и силни институции значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стави акцент на јавните финансии, поволните услови за бизнис, професионализација на јавна администрација, обнова на уставно-правниот систем, борба со корупција.

Вториот столб, рече Славески, е конкурентен приватен сектор и е важен затоа што  ние сме пазарна економија, а таа почива на приватен сектор во кој  над 80 - 90 проценти од граѓаните својата живаечка ја заработуваат токму тука.

Третиот столб е интегрирана стабилна и безбедна земја. Тука, кажа Славески, ќе зборуваме за безбедноста одбраната на Република Македонија, како и за надворешната политика.

Четвртиот последен, но многу важен, рече Славески, бидејќи се однесува на подобрите услови за живот, модерно и квалитетно здравство, заштита на социјалните категории, млади, тука е граѓанскиот сектор и слично.

„Имаме и неколку цели, а тие се раст на БДП од 4 до 5 проценти годишно, очекуваме заздравување на економијата уште во првиот квартал наредната година, намалување на стапка на невработеност под 10 проценти, зголемување на плати за 25 проценти за 4 години, домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за 4 години, зголемување на извозна конкурентност“, рече Славески.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека партијата подготви и една сеопфатна преодна стратегија за справување со здравствено економската криза предизвикана од корона вирусот.

„Она што е многу важно во јавните финансии, ние не отстапуваме од политиката на ниски едноставни, рамни даноци“, рече Славески.

Во контекст на борбата против корупцијата Славески се осврна на фактот што Република Македонија по индексот за перцепција на корупцијата, што го подготвува меѓународната Транспарентност, е на  срамното 106 место од 180 земји.

„Тоа значи дека се наоѓа во втората половина на земји. Ова мора да се промени, да  ја поместиме Македонија во првата половина, а на крај на мандатот да ја приближиме до првата третина најмалку корумпирани држави. Ова ќе го направиме преку транспарентност и нулта толеранција за корупцијата, се обврзуваме на тоа“, рече Славески. 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости