fbpx

Соопштенија

Кластерот СДСМ ја загрозува Македонија

Соопштение до јавноста - реакција на прес конференција на Коста Петров

Коста Петров и кластерот од заболени од корона вирус во СДСМ се крајно лицемерни. Тие се партијата во која половина раководство или им заболе или беше во самоизолација поради неодговорното однесување. Зарем ВМРО-ДПМНЕ се виновни во случаите на Лукаревска, Шилегов, Зекири, Рашковски и десетици други. Во екот на пандемијата тие предвремено ја почнаа кампањата, правеа изборен поткуп, делеа пропаганден материјал, одржуваа состаноци, групираа луѓе пред се од материјално погодените семејства и со тоа директно го загрозуваа животот и здравјето на граѓаните.

Како власт ништо не направија ниту да го заштитат народот од епидемијата, освен што држеа пресови за црните статистики. Македонија поради нивната неспособност и неодговорност ја претворија во Ломбардија на Балканот со рекорден број заболени и за жал починати на еден милион жители. Според Форбс, но и други реномирани анализи бевме една од најнебезбедните земји од корона вирусот.

Коста Петров вината за катастрофалната состојба со здравствената криза треба да ја бара кај себе и својата партија.

СДСМ станаа синоним за криминал, рекет и корупција. Тие се вирусот кој Македонија мора да го победи.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости