fbpx

Соопштенија

Николоски до Шеќеринска: Преговори нема затоа што гледаат дека сте корумпирани, премиер на Франција, Белгија и Италија не седи на маса со корумпиран премиер

Соопштение до јавноста

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 Александар Николоски смета дека една од причина зошто Република Македонија се уште нема добиено датум за почеток на преговорите со Европската унија се токму криминалните скандали кои што ја тресат земјата со СДСМ на власт.

Николоски уште еднаш ја праша Радмила Шекеринска дали после месец дена дознала кој е датумот кога Република Македонија ќе започне преговори со Европската унија, со оглед на тоа што и покрај тоа што тие три пати излегле со информација дека Македонија добила датум за почеток на преговорите, до ден денес Македонија се уште нема започнато преговори со Европската унија.

Една од причините се токму овие работи. Ние пред месец дена со Шеќеринска имавме дуел на една друга телевизија и на крајот на тој дуел јас поставив едно прашање сакам да го поновам денес. Кој е датумот? На кој датум Македонија ќе започне преговори со Европската унија, дали во овие месец дена можеби разбравте кој е датумот на кој што ние ќе почнеме преговори со Европската унија, живо сум заинтересиран и јас и граѓаните кој е датумот? На кој датум ќе почне Македонија да преговара со Европска унија. На кој датум ќе биде првата меѓу владина конференција. Затоа што 3 години добиваме датум, во 2018 година Заев излезе на прес конференција во Собрание и кажа го добивме датумот, се сликавте во авион, не знам вие дали бевте пишуваше го добивме датумот. Во 2018 година го добивме датумот, во 2020 година го добивме датумот, а датумот никаде го нема, не можеме да го видиме. Мене ме интересира еве во кампања влегувам сакам да сум информиран, не сум член на влада, од опозиција сум кој е датумот, ја праша Николоски, Радмила Шеќеринска во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Таква работа нема затоа што ги гледаат дека се корумпирани. Премиер на Белгија, претседател на Франција, премиер на Италија и да не ги бројам, со корумпиран премиер не седи на иста маса. Нека се потсети Зоран Заев кога последен пат бил примен во официјална посета на било која европска држава. Знаете кога? Пред да му излезат аферите со директно учество во рекет, затоа што со корумпирани луѓе не сакаат да седат на иста маса, вели Николоски.

Последни новости