fbpx

Соопштенија

Во еден ден имаме по две до три криминални афери од Зоран Заев

Соопштение до јавноста

Денес видовме материјали поврзани со Ден Дончев, тој беше директор на Фонд за здравство именуван од оваа влада, земјак е со Зоран Заев, мислам дека се и некоја фамилија и јасно беше зошто беше избран за директор на Фонд за здравство. Ова што го гледаме во јавноста е само мал процент од она што се случуваше во здравствениот сектор, особено тоа што им се случуваше на луѓето  кои што работат во здравството. Беа постојан предмет на рекет, на изнуда и корупции овие три години и тоа јавно се зборува низ градот, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, во вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Николоски посочи дека од денешните материјали се потврдува сето она што тој и ВМРО-ДПМНЕ го зборувале изминатиот период за поврзаност на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и претседателот на СДСМ Зоран Заев во криминалните афери, додавајќи дека и покрај јасните снимки обвинителството се уште не реагира на ова.

Тоа што ние го зборувавме еве се потврдува, некои работи ќе се потврдат и после изборите затоа што некои луѓе се охрабруваат сега, некои луѓе веројатно ќе се охрабрат да си ја кажат маката  после изборите. Но, она што денес ние го видовме и што мислам дека е суштински значајно што ќе остане запишано во темните страна на македонската политичка историја е дека прв пат во 30 години демократија македонската јавност виде политичар кој што директно зема пари во рацете и си ги става во торба, што е еклатантен за корупција. На човекот како што гледам влакно не му фали од косата наместо да си постави владата и обвинителството и минимум што треба да биде повикан во обвинителството за тоа кој му ги дал тие пари и како така си ги става во торбата. Гледаме дека Зоран Заев излезе да го брани, па што излезе да го брани само го потврдува тоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме дека тие партнерски работеле, а не треба ниту јас да зборувам, доволно слушнавме и видовме во материјалите, нагласи тој.

Според потпретседателот Николоски и покрај криминалите афери кои што изминатиот период излегоа а за кои е сведок јавноста, до сега никој од страна на обвинителството не собрало храброст да ги повика на разговор ниту актуелниот директорот на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, ниту Зоран Заев а ниту пак Вице Заев што само докажува дека системот се распаѓа.

Не само во овој разговор, видовме и во изминатиот период што се случувало на пример во судскиот процес за Рекет гледаме дека само ситните риби настрадаа, затоа што слушнавме дека парите од торбата се кај Зоран И Вице Заеви, но обвинителот нема храброст да ги повика барем на информативен разговор. Или на пример видовме министерот Наќе Чулев кој што се споменува дека сработил кривична пријава и ја поднел до обвинителството за рекет од 250.000 евра во РЕК Битола на актуелниот директор на ЕЛЕМ, истата се чува од обвинителството во фиока. Ние секој ден гледам еклатантен пример за рекет, слушаме ако одреден адвокат барал 6 милиони евра за одредено лице да излезе од притвор во координација со врвот и претпоставувам повторно со Зоран Заев и никој со прст не мрда да види каде е случајот, додаде Николоски.

Значи во 5 дена имаме РЕК Битола рекет , имаме 6 милиони евра за човек да излезе од притвор, имаме прв политичар фатен со рацете во медот односно пари кои што ги става во торба, имаме разговори каде што раскажува уште на две фирми што ќе им прави како полиција ќе им влегува, како ќе им влегува Управа за финансиско разузнавање, слушаме дека парите од рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Вчера слушнавме дека 5 струмички фирми директно поврзани со Зоран Заев, едниот сопственик на фамозната Вила Парк каде што се собира рекетот од цела Македонија за четири месеци добиле поврат на ДДВ од 5,2 милиони евра, на пример една од нив лани имала вкупно имало 850.000 евра вкупен промет, а годинава за само четири месеци има поврат на ДДВ од 2 милиони евра што значи дека таа треба најмалку да има оваа година промет во залиха роба од 10 милиони евра за да може да си поврати 2 милиони евра. И никој ниту а, ниту б да слушнеме, ниту Царинска управа да реагира, ниту Управа за јавни приходи да реагира. Значи ние на ден имаме по две до три финансиски афери, јавноста не може да ги допрати, објасни Николоски.

Последни новости